AMD Strela

 

Полицијата со засилени контроли против гласна музика и присуство на малолетници во угостителски објекти по полноќ

Полицијата со засилени контроли против гласна музика и присуство на малолетници во угостителски објекти по полноќ
Објавено на: 27 Jun 2018

Секторот за внатрешни работи-Струмица, во рамките на своите надлежности во текот на претстојните летни месеци ќе превземе интензивни мерки и активности, имајќи ја во предвид зголемената раздвиженоста во угостителските објекти, пред се во кафулињата, на летните тераси и во дискотеките во кои, по започнување на училишниот распуст, уште позабележително ќе биде присуството на младите, посебно во вечерните часови. Активностите ќе бидат насочени  на: присуство на малолетници во угостителски објекти после 24,00 часот, точењето алкохолни пијалоци на малолетни лица и прегласната музика која неретко ги вознемирува граѓаните, а пред се оние што живеат во близина на угостителските објекти.

 Секторот за внатрешни работи –Струмица, апелира до сопствениците на угостителските објекти, кафулиња, дискотеки, ноќни барови  и други, да внимаваат на јачината на музиката што ја пуштаат во нивните локали или ја свират музички групи. Во спротивно, ќе се соочат со пријави и глоба која се движи од 500 до 1000 евра во денарска противвредност и плус 200 до 500 евра за одговорното лице на правното лице. Доколку, пак, станува збор за трговец-поединец, глобата  изнесува од 500 до 800 евра, доколку не превземе конкретни мерки да го спречи нарушувањето на јавниот ред и мир во неговиот објект.

Секторот за внатрешни работи - Струмица,  апелира, угостителите да не дозволуваат присуство на малолетници во угостителските објекти по 24,00 часот, ниту да ги послужуваат со алкохолни пијалаци. За послужување алкохол на малолетници, угостителите можат да бидат и кривично гонети.

Доколку се констатира состојба спротивна на Законот истата  соодветно ќе се санкционира.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK