AMD Strela

 

Општина Струмица ќе пробива патишта до нивите во селата

Општина Струмица ќе пробива патишта до нивите во селата
Објавено на: 30 Jun 2018

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски,којј денеска беше во заедничка посета со градоначалникот Јаневски на селото Добрејци, информираше дека министерството го објави јавниот повик  за поднесувања на барања за субвенции за финансирање на инвестиции за реконструкција и пробивање на пристапни патишта до земјоделско земјиште, а за што се обезбедени 30 милиони денари.

 Градоначалникот Јаневски во изјавата за медиумите, рече дека овие мерки ќе бидат корисни за земјоделците и ќе бидат опфатени населените места каде што има потреба од таква интервенција.

 -Иницијативата за да се преземат такви мерки произлезе токму од општина Струмица, затоа што овој крај е познат по земјоделските активности и секако произлезе од граѓаните со кои разговаравме пред тоа, бевме на терен и на многу места се спомна како потреба. Општинските можности за делување во тој дел се ограничени и затоа ние цело време инсистиравме овие мерки да се воведат и како редовна пракса за што и разговаравме со министерот, а не да бидат интервентни само за една година, имаме големо разбирање од министерот, а знаеме дека и Премиерот ги познава приликите во нашиот крај. Се виде дека таа мерка е корисна и еве почнуваме, ова е прва година и вообичаено се појавуваат некои административни пречки кои што малку не успоруваат, меѓутоа, патот веќе се трасира и јас верувам дека оваа мерка ќе биде редовна која што очигледно е многу потребна за нашите земјоделци. Ние сме подготвени уште многу порано со овие проекти, сега се направија некои корекции бидејќи финансиите се распоредуваат за цела Македонија, се појави поголем интерес отколку што очекувавме на почетокот, но тоа е нормално и така треба да биде. Нашите служби уште пред неколку месеци излегоа на терен и во соработка со локалното население беше нотирано кои се тие поважни, би рекол, артерии низ полето и кои сите ги користат. Внимаваме во сите населени места да има такви интервенции и нашиот дел чини околу 4 милиони денари и ќе ги распоредиме во селата Муртино, Добрејци, Просениково, Баница, Сачево, Дабиле, односно, сите населени места ќе бидат опфатени согласно нивните потреби и барања. Се надевам дека овој проект ќе биде корисен за нашите земјоделци, рече Јаневски.

 Жителите на Добрејци го потврдија задоволството од пробивањето на пристапни патишта до нивите и изјавија дека ова е прв пат во решавањето на нивни проблем да се вклучат општината и државата.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK