AMD Strela

 

Проектот Иловица-Штука на Еуромакс Ресоурцес е потенцијал и можност за безбеден и одговорен развој во хармонија со регионот

Проектот Иловица-Штука на Еуромакс Ресоурцес е потенцијал и можност за безбеден и одговорен развој во хармонија со регионот
Објавено на: 05 Jul 2018

Сооштение на Еуромакс Ресоурцес:

 05.07.2018 – Струмица, Рудникот за бакар и злато “Иловица-Штука” се развива според највисоките стандарди за животната средина и ќе донесе бенефит за локалното население и за националната економија. Рудникот ќе се развива согласно највисокистандарди за заштита на животната средина и ќе придонесе за натамошен развој на постоечките стопански гранки во регионот.

Проектот Иловица – Штука се наоѓа на ридовите над Струмичката котлина. Ниту еден дел од проектот не опфаќа области со земјоделско производство. Еуромакс спроведе студии во текот на неколку години, собирајќи огромни количини на информации за брзината и насоката на ветерот, површинските и подземните води, врнежите, фауната и вегетацијата.Илјадници примероци беа земени од карпите што се ископуваат како и околу депозитот, па затоа постои многу детално разбирање на тековните услови и може да се каже, со целиот спектар на извршени испитувања се поткрепува ова, дека ќе нема никакво негативно влијание врз здравјето и земјоделството. Ќе се генерира минимално количество прашина, таа ќе се контролира со распрскувачи за вода и прашината воопшто нема да допре до земјоделските површини. Бучавата ќе биде помала од амбиенталната бучава во локалните села, како што покажаа податоците од досегашните истражува.Малото визуелно влијание и потврдата дека нема да има загадување значат дека ќе нема никакво влијание врз здравјето на локалното население, но и врз квалитетот, квантитетот и угледот на земјоделските производи, додека поттикнувањето на локалната економија ќе ги зголеми локалните пазари за производство.

Многу млади луѓе сакаат да го напуштат југоисточниот дел на Македонија, барајќи можности надвор од земјата. Диверзификацијата на локалната економија ќе им даде причина на многумина да ги најдат тие можности дома. РудникотИловица - Штука е специјалнодизајниран за да го минимизира визуелното влијание.

Предложениот проект за бакар и злато Иловица – Штука на Еуромакс  Ресоурцес се состои од отворен коп и погон за преработка со флотација и соодветно хидројаловиште. Рудници со отворен коп и каменоломи работат низ целиот свет . Секоја земја во Европа има рудници со отворен коп и каменоломи за различни супстанции како јаглен, бакар, агрегат и варовник.Нови проекти з арудници со отворен коп се предлагаат низ цела Европа. Исто така, постојат многу примери за овој вид рударство во Канада и САД, низ цела Латинска Америка, Австралија, Азија и Африка.

Рудникот е лоциран подалеку од населени места и не предвидува раселување на луѓе. Рударството кое користи ваков пристап се користи во многу европски земји кои имаат многу поголема густина на населеност од Македонија (густина на население 81 лице по квадратен километар), како што е Обединетото Кралство (густина на население 271 лице по квадратен километар) и во европски земји со слична густина на население како Македонија, како што е Шпанија (густина на население 92 лица по квадратен километар), Србија (густина на население 91 лица на квадратен километар) и Албанија (густина на население 100 лица на квадратен километар), од кои сите имаат многу рудници со отворен коп и каменоломи.

Геологијата на источниот дел од Македонија е дел од Тетијскиот појас, глобално призната зона на рударски потенцијал, па дури и геологијата што ги формирала депозитите од бакар и златово Иловица - Штука е многу ретка и не е докажана на друго место во земјата. Плодната долина и природните минерални наоѓалишта на Иловица – Штука се важни природни ресурси кои со сигурен и одговорен развој можат да помогнат во развојот на областа и да станат пример за сите за динамичен развој поттикнат од двете најстари индустрии на човештвото – земјоделството и рударството.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK