AMD Strela

 

Задутре акција за дарување крв во Босилово

Задутре акција за дарување крв во Босилово
Објавено на: 09 Jul 2018

На 11 јули (среда) од 09:00 до 14:00 часот, Општинската организација на Црвен крст Струмица заедно со Службата за трансфузиона медицина Струмица организира акција за дарување на крв во Босилово. Акцијата ќе се изведе во просториите на Општина Босилово, Дом на млади.

-Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослобооден од плаќање на сите видови болничка партиципација.

Факти за крводарувањето:

-Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.

-Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.

-Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.

-Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.

-Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.

-Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.

-На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.

-Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослобооден од плаќање на сите видови болничка партиципација.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK