AMD Strela

 

Стојан Тимов избран за директор на ООУ„Гоце Делчев“, Василево

Стојан Тимов избран за директор на ООУ„Гоце Делчев“, Василево
Објавено на: 09 Jul 2018

Стојан Тимов, професор по географија во ООУ„Гоце Делчев“ , Василево е новиот директор кој во наредните четири години ќе раководи со ова општинско основно училиште. Тимов  доаѓа на местото на неговата претходничка Емилија Котева, која неодамна си поднесе оставка од  директорската позиција.

Одлуката за избор,  денес во кабинетот, му ја врачи градоначалникот на општина Василево,  Марјан Јанев.

Изборот на Стојан Тимов Тимов за директор е врз основа на Предлог на училишниот одбор при ООУ „Гоце Делчев“, Василево, по претходно  спроведен конкурс.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK