AMD Strela

 

Полицијата заплени 50 килограми марихуана

Полицијата заплени 50 килограми марихуана
Објавено на: 10 Jul 2018

Секторот за внатрешни работи Струмица до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава, против К.К (26) од с.Селемли, општина Богданци и Д.Т (33) од с.Владевци, општина Василево, како и против уште едно, засега непознато лице, поради постоење основано сомневање дека пријавените го сториле кривично дело - “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од КЗ на РМ, информираше денес портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

-Имено, врз основа на добиени оперативни сознанија за недозволена трговија од страна на соодветните служби при СВР Струмица завчера и вчера (08 и 09.07) беа превземени координирани активности и мерки за расчистување на случајот. Така вчера (09.07.) во раните утрински часови, односно околу 03,30 часот на локација од патниот правец Струмица- с. Добрашинци, затекнат е второпријавениот Д.Т. при што кај истиот од страна на полициски службеници биле пронајдени околу 50 килограми опојна дрога марихуана, која што тој претходно ја примил од првопријавениот К.К. По ова Д.Т. е лишен од слобода и приведен во полициска станица. Истовремено, од превземените мерки и активности утврдено е  дека дрогата била доставена од Скопје, од засега непознато лице кое што управувало патничко моторно возило “VW-Phaeton“ со чешки регистарски таблички, рече Рендевска.

Во моментов од страна на СВР-Струмица се преземаат дополнителни и интензивни активности за лоцирање и лишување од слобода на првоосомничениот К.К., како и на идентификување на непознатото лице, возач на возилото, коешто, пак, е веќе пронајдено во Кратово и предадено за крим-техничка обработка. 

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK