AMD Strela
River Soft

 

Вечерва во Струмица прославено добивањето покана за членство во НАТО

Вечерва во Струмица прославено добивањето покана за членство во НАТО
Објавено на: 14 Jul 2018

Под мотото „Македонија во НАТО и ЕУ-Одиме напред“ и со настап на групата „Чалгија соунд систем“ и „Кочани оркестра“ вечерва во Струмица, беше прославено добивањето покана за членство во НАТО.

На Плоштадот „Гоце Делчев“, заедно со граѓаните, прославуваа министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, пратеници и претставници на државни и локални институции.

Министерот Дамјан Манчевски изјави дека вечерва заедно со граѓаните се прославува патот кој Македонија цврсто го трасира кон НАТО и ЕУ.

-Овие денови сме сведоци на големи успеси. Се надевам дека сето ова ќе се валоризира на референдумот кој што ќе биде наесен и граѓаните ќе и го кажат своето мислење. Факт е дека Македонија цврсто чекори напред и дека многу брзо ќе  станеме и членка на НАТО и членка на ЕУ, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

На неколку часови пред почетокот на прославата групата „Љубојна“ го откажа настапот во Струмица.

Извор:МИА

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK