AMD Strela
River Soft

 

23 годишно момче повредено во сообраќајка

23 годишно момче повредено во сообраќајка
Објавено на: 17 Jul 2018

Вчера во 04,45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица–Владевци патничко моторно возило „Алфа ромео“ со струмички регистерски таблици управувано од А.Д.(23) од Струмица, удрило во паркирана приколка, сопственост на Ј.М.(41) од Струмица.

Во незгодата со повреди се здобил А.Д.,кој откако со помош на екипа од Територијалната противпожарна единица Струмица бил изваден од возилото, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица.

Увид извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Струмица.

Во времето од 05,20 до 11,00 часот сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Владевци бил во прекин, поради вршење на увид.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Извор:Билтен на МВР

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK