AMD Strela
River Soft

 

Кривична пријава за радовишани за присвојување огревно дрво

Кривична пријава за радовишани за присвојување огревно дрво
Објавено на: 18 Jul 2018

Надворешната канцеларија за криминалистички работи  -Радовиш,  поднесе кривична пријава до ОЈО-Радовиш,  против  Ј.А (64), Љ.П(37), А.Л (57) и С.Ј (63) сите  од Радовиш, поради постоење на основани сомневања дека првопријавениот како службено лице сторил кривично дело „Проневера во службата“ предвидено со чл.354 ст.2 од КЗ на РМ ,а второпријавениот како одговорно лице со пропуштање на должен надзор извршил кривично дело „Несовесно работење во службата„ предвидено со чл. 353-в ст.2 од КЗ на РМ. Трето и четвртопријавените, со намера да ги прикријат кривичните дела извршени од прво и второ пријавените,  изготвиле лажни исправи од спроведен попис на материјални средства во ЈП Македонски шуми – ПШС Плачковица Радовиш а со тоа сториле кривично дело „Фалсификување исправа“ предвидено со чл.378 од КЗ на Р.Македонија.

Имено, првопријавениот извршувајќи ги работните обврски и задачи на работно место магационер на склад во ЈП Македонски шуми – ПШС Плачковица – Радовиш, од 04.01.2016 година до 31.12.2017 година,  противправно присвоил за себе или за друг 197,71 кубни метри огревно и техничко дрво кои му биле доверени во службата. Второпријавениот во својство на раководител во јавното претпријатие ПШС Плачковица – Радовиш, иако бил должен да врши контрола на целокупното работење во Подружницата, вклучително и во магацинот за конфискувана роба, бил одговорен за правилното и законско работење, не презел никакви дејствија со што дозволил да настане штета во вредност од 429.949,00 денари. Трето и четврто пријавениот, како членови на главна пописна комисија со намера да го прикријат недостатокот на дрва во магацинот за конфискувана роба, на 31.12.2016 година изготвиле фалсификат пописна листа, односно фалсификуван извештај во кој не го прикажале недостатокот а таквата докуметација ја употребиле пред Централната пописна комисија форирана од ЈП Македонски шуми – Скопје.

Извор: Соопштение на СВР Струмица

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK