AMD Strela

 

Градоначалникот Јаневски одржа работна средба со министерот Сугарески

Градоначалникот Јаневски одржа работна средба со министерот Сугарески
Објавено на: 20 Jul 2018

Заедничките проекти во решавањето на инфраструктурните проблеми во општина Струмица, беа главната тема за разговор на средбата која градоначалникот Коста Јаневски со своите соработници денеска ја одржа со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Изградбата на фекалните канализациони системи во неколку населени места, уредувањето на речното корито Водочница, активностите во патната инфраструктура, беа само дел од проектите за кои се разговараше, а кои значат многу за граѓаните на општината и регионот.

И Јаневски и Сугарески, потенцираа дека во наредниот период општината и министерството, ќе ги интензивираат активностите за решавање на инфраструктурните проблеми.

На средбата присуствуваше и посебниот советник за транспорт и врски на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, Фидан Колев.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK