AMD Strela

 

Мрежата „ Прекуграничен Забавен Центар“ од септември започнува со понуда на кулинарски викенди

Мрежата „ Прекуграничен Забавен Центар“ од септември започнува со понуда на кулинарски викенди
Објавено на: 31 Jul 2018

Од почеток на септември до крај на декември 2018 година десетте „туристички јазли“  на Мрежата „прекуграничен забавен Центар“ ќе нудат на своите гости специјални викенди со кулинарски искушенија, соопштија денес од Еколошкото друштво „Планетум“.

Во рамки на два дена, домаќините од Мрежата ќе ги запознаваат посетителите со конкретни локални продукти, начините на нивно користење/искористување, нивната историја (на продуктот) и значењето за локалната заедница. Гостите ќе имаат можност да ги пробат продуктите, да го набљудуваат подготвувањето на интересни локални рецепти со тие продукти, како и да научат самите да приготвуваат различни предизвикувачки стрвни рецепти со нивното учество.

 Секоја од мини – дестинациите во пограничниот регион меѓу Р.Македонија и Р. Бугарија ќе претстави соспствен продукт, а гостите ќе можат да користат специјалните отстапки за време на посетата на секоја од следниве дестинации: 

-          Јазол Банско              Р.Бугарија      -           Викенди на шумски плодови

-          Јазол Струма              Р. Бугарија     –          Викенди на Грозјето

-          Јазол Благоевград     Р.Бугарија      –          Викенди на Медот

-          Јазол Гевгелија          Р.Македонија –          Викенди на Црниот Патлиџан

-          Јазол Радовиш           Р.Македонија -           Викенди на Житото

-          Јазол Ново Село        Р.Македонија -           Викенди на Кикириките

-          Јазол Гоце Делчев     Р.Бугарија      -           Викенди на Кромидот

-          Јазол Струмица         Р.Македонија -           Викенди на Пиперките

-          Јазол  Петрич             Р.Бугарија      -           Викенди на Костенот

-          Јазол Дојран               Р.Македонија -           Викенди на Смоквите

 Понудата на нови туристички понуди ќе биде преку платформата на „Прекуграничен забавен Центар“, која официјално ќе биде претставена на широката популација на крајот на месец август 2018 година.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK