AMD Strela

 

Revolution festival во Ново Село на 4 август-интервју со организаторите

Revolution festival во Ново Село на 4 август-интервју со организаторите
Објавено на: 02 Aug 2018

Како се роди идејата да се направи Revolution Festival?

-Како во еден настан да се спојат љубовта и културата,кои ва нашето потесно општество како да згаснале веќе подолг период.Првиот избор е секогаш во музиката.Идејата да се направи техно фестивал датираше година дена,со дискусии како до реализација.Идејата произлегува долу од пред подиумот,со тоа мислам дека би се согласиле и повеќето организатори на вакви фестивали.Сакавме првата година да биде пробна,како роденденска забава во која би можеле да присуствуваат сите,но се одлучивме да го направиме првиот чекор да не речам ризик и така започна се,во 2016-та се организира првиот Revolution Festival, велат организаторите на фестивалот.

Што е тоа што го прави овој фестивал различен од другите?

-Самото име Revolution за нас значи промена во нашето општество најпрвин во музиката.Целосен респект кон сите видови на музика,но ние сме една нова генерација на млади луѓе,едно креативно младо подземје кое се труди од корен да го смени тоа што со години наназад ни се наметнува и влијае негативно,посебно кај младите.Револуцијана секое поле каде што доминира негативна енергија.

Дали младите го препознаваат фестивалот како нешто различно, дали наидува на поддршка?

-Тоа е и целта, младите да видат нешто различно овде. Поддршката секојдневно станува се поголема.Оваа е долгорочен проект,во кој се надеваме дека секој ќе си пронајде барем по еден дел засебе и од себе во овој фестивал.

Дали постојат стереотипи во средината, знаејќи дека овој фестивал афирмира култура што не е секојдневна и различна од секојдневието?

-Стереотипи е нормално да има посебно во едно такво општество во кое живееме ние,но наше е да го прифатиме тоа,за да се потрудиме и бидеме упорни во тоа што го работиме.Сепак младите во денешно време,кога интернетот е алка без која не се живее,гледаат што се случува низ светските земјии се надеваме дека во иднина ќе ни биде секојдневие.Културата пред се.

Дали институциите на системот го препознаваат фестивалот како нешто со што ќе се гордеат? Дали даваат поддршка?

-Тоа ни беше јасно и нам,се додека ние самите не се потрудиме да дадеме до знаење дека работиме за доброто најпрвин за нашата општина и регион,никој нема да те сфати како што треба,но како одминува времето,еве веќе трета година мислам дека полека се менува и наидуваме на поддршка која ни е од големо значење.

Кои се артистите што ќе го одбележат годинешниот Revolution Festival?

-Како хедлајнер на фестивалот е Andrew Meller кој стана познат по своите обработки на Born Slippy и Insomnia. Досега има голем број изданија за реномирани издавачки куќи како Funk’n Deep, Glasgow Underground, Tauten, Toolroom, како и поддршка од артисти како Carl Cox и Nicole Moudaber. Lobor D е вториот гостин кој доаѓа од Србија. Неговите почетоци датираат уште во 1999 година, експериментирајќи со различни жанрови, особено со Детроит техно и Чикаго хаус, за подоцна да се вклучи во продукциските води на техно и прогресив хаус музиката.Особена чест ни е што оваа година настап ќе има една од највлијателните личности кога станува збор за развивање на култура,докторот наPMG Kolektiv,Мирко Попов.Nennat Omen исто така е добро познат на нашата клупска сцена,во последните години зема и учество на еден од најголемите фестивали во светот EXIT.Lesyaкоја е резидент диџеј на Revolution и дечките од PataPata Music Group, Ted Dettmanи Sal Sonder, кој несомнено, се едни од најдобрите наши артисти и полека, но сигурно ја освојуваат и светската сцена.

Какви се вашите планови за иднина?

-Визијата за фестивалот нека остане мала тајна,на почетокот спомнавме дека е долгорочен проект.Останува и лично да ве поканиме оваа година на 4ти август да бидете дел од едно културно и барем засега несекојдневно доживување, рекоа на крајот организаторите на фестивалот.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK