AMD Strela

 

Седум кривични пријави за незаконско регистрирање возило

Седум кривични пријави за незаконско регистрирање возило
Објавено на: 09 Aug 2018

Полициската стница Радовиш поднесе кривични пријави против Г.А. (36) од с. Сушево, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“,  против М.Ц. (55) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ во врска со „помагање“,  против А.П. (28) и Б.П. (50), двајцата од   Кочани,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против И.Т. (50) од Скопје, вработен во Бирото за метрологија; правното лице „Центар за возила ЦВС“ Дооел Струмица, Л.Б.Н. (44) од Струмица, управител во Центар за возила ЦВС ДООЕЛ Струмица и С.А. (52) од с.Раклиш, радовишко, вработен во МВР на РМ - Отсек за управни работи во Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Имено, на 25.02.2014 година во Република Словенија, првопријавениот Г.А. купил моторно возило „Фолксваген Шаран“. На 24.10.2016 година тој го увезол во Република Македонија на име на второпријавениот М.Ц., иако возилото не ги исполнувало законски предвидените „ЕУРО“ стандарди за да се регистрира. Потоа, во управната постапка, како доказ во Центар за возила Струмица употребил Потврда за отворање на постапка за идентификација со генералии на второпријавениот, без да бидат исполнети условите предвидени со Законот за возила, односно Уверението се однесувало за второпријавениот со пријавено место на живеење во Италија, а предметното возило било купено и увезено од Словенија. Откако на овој начин ја добил согласноста за регистрација и стекнување на имот, првопријавениот го продал на лице од село Чанаклија за цена од 2.000 евра.

На 06.04.2016 година, второпријавениот за сметка на првопријавениот до Бирото за метрологија поднел „Барање за издавање на потврда за идентификација“, со наводи дека го купил возилото во Словенија како повратник од Италија, со цел од Бирото за метерологија да добие „Потврда за идентификација“.

Трето и четврто пријавените, како посредници на второпријавениот, а за сметка на првопријавениот, прибавиле нотарски преписи на фотокопија од фиктивен купопродажен договор и таа документација била употребена во правниот сообраќај како прилог кон документација за регистрација на моторното возило. Петтопријавенот И.Т., вработен во Бирото за метрологија, не извршил должен надзор при увидот на доставената документација, по што пријавеното правно лице издало Согласност за регистрација, иако било очигледно дека станува збор за две физички лица.

Осмопријавениот како референт во постапката за регистрација пропуштил да преземе соодветни дејствија, при што извршил регистрирање на возило на име на првопријавениот. 

Извор: Билтен на МВР

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK