AMD Strela

 

Со членството во ЕУ секој наш земјоделец ќе има поголем приход!

Со членството во ЕУ секој наш земјоделец ќе има поголем приход!

Членството во Европската унија носи огромни придобивки, особено за нашиот струмички крај, познат по земјоделието.

Со членство во ЕУ значително ќе се зголемат фондовите за македонските земјоделци. Тоа значи повеќе европски пари за субвенции, за механизација, за повисок приход, подобар пласман со подобри цени.
Влегуваме во пазар од 500 милиони потрошувачи што е многу важно затоа што тоа ќе го олесни и ќе го зголеми извозот на нашите производи.

Олеснетиот извоз ќе значи подобар пласман на македонските земјоделски производи во странство. Со зголемување на извозот ќе има повисока откупна цена на нашите земјоделски производи.
Земјоделците коишто макотрпно и вредно работата знаат што значи тоа. Секој земјоделец ќе има поголем приход по влезот на Македонија во Европската унија.


Примерот со соседна Бугарија го потврдува тоа. Со влезот во Европската унија приходот за секој земјоделец во Бугарија се зголемил за 49% во период од 2007 до 2012 година.

Почитувани граѓани, почитувани земјоделци,

Македонско-грчкиот Договор е историска можност, влог во нашата светла иднина.

Договорот го гарантира правото да се определуваме како Македонци. Нема веќе оспорувања. Македонски јазик, македонски народ, македонци, со еден збор македонски идентитет признаен еднаш засекогаш од цел свет.

Време е за одлука, од сите нас зависи кој пат ќе го избереме.

Да се обединиме и на референдумот на 30 септември заедно да ја донесеме одлуката. Одиме напред, во ЕУ и НАТО!

Да за повеќе приходи за секој земјоделец!

Да за македонската иднина!

 


Прес конференција,Катерина Кузмановска, пратеничка од СДСМ и коалицијата
Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK