AMD Strela

 

Органско производство- Зголемени и стабилни финансиски приходи на земјоделците - Здрава нација

Органско производство- Зголемени и стабилни финансиски  приходи на земјоделците - Здрава нација
Објавено на: 05 Nov 2018

На втори овој месец во просторите на здужението „ПРОАГРО ФАРМЕРИ“ се одржа едукативна трибина со жени од руралните средина на тема „Органското производство, нова можност и иднина во земјоделието, преку примена на органските заштитни средства и начините на заштита на растенијата за органско производство“.

Од досегашните средби - трибини воспоставена е:

-Kомуникација помеѓу земјоделците и стручните еминентни организации од областа на органското производство

-Подигнато е нивото и информираноста на земјоделците за пазарите и откупот на органски производи

-Подигнато е нивото за примена на органски заштитни средства

-Подигнато е нивото на употреба на органски здрава храна од страна на конзументите

Во рамките на истоимениот проект тимот за имплементација  одржа повеќе трибини во руралните средини на тема "Органско производство - Здрава нација" на кои што учество зедоа стручни експерти од областа на органското производство.

Главна цел на проектот е зголемување на интересот за Органско Производство и зголемено користење на Органски производи, кај земјоделските производители и кај конзументите на храна.

Во моментов здружението ПРОАГРО ФАРМЕРИ во рамките на  проектот продолжува со промоција на органското производство, се со цел за подигање на нивото и мотивација за преструктуирање од конвенцијалното кон органското  производство.

Проектот е финансиски подржан од програмата Г1 на Општина Струмица.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK