AMD Strela

 

Македонија домаќин на Лајонс Европа Форум 2018

Македонија домаќин на Лајонс Европа Форум 2018
Објавено на: 24 Oct 2018

Повеќе од 1.000 Лајонси од Европа учествуваат на годинешниот Лајонс Европа Форум 2018 година кој, во наредните 3 дена, ќе се одржува во Македонската Филхармонија во Скопје.

 Добредојде на првите луѓе на свестската Лајонс организација им посака претседателот на организацискиот комитет, лајон Небојша Давидовски.

 „Две години интензивно работевме на организацијата на овој форум и сум горд што финиширавме со одлични резулатти. Македонија е мала држава и сме горди што го организираме овој настан“, рече Давидовски.

 На денешната прес конференција, генералниот секретар на Европа Форум 2018, лајон Звонимир Цветановскипосочи дека учесниците се претставници на повеќе од 250.000 членови на оваа хуманитарна организација од Европа, делегати од 46 држави од светот.

 „Европа Форумот е годишен собир каде Лајонс членовите разменуваат идеи, проекти, програми и цели, придонесуваат за поуспешна соработка во своите хуманитарни активности. Нашето мото е „Ние служиме“. Македонија, како држава, веројатно поради сериозните активности, посветеност и придонес во развојот на Лајонизмот, оваа година е домаќин на Европа Форумот“, рече Цветановски.

 За гувернерот на Лајонс Дистрикт 132 Македонија, Соња Бојаџиева, организацијата на настанот претставува голем предизвик.

 „Навистина е чест и предизвик да се биде домаќин на повеќе од 1.000 Лајонси од Европа. Сите Лајонси од нашиот Дистрикт 132 се активни во организацијата, ги вклучивме сите знаења и можности и ја покажуваме нашата гостопримливост. Мотото на Форумот е „Свесност и емпатија“. Во Македонија имаме 46 Лајонс клубови, а првиот клуб „Скопје“ е основан во 1997 година, истакна Бојаџиева.

 Гудрун Ингвадотир, претседател на светската Лајонс организација, на прес конференцијата во Скопје нагласи дека очекува многу од Македонија како домаќин и организатор на настанот.

 „Не се сомневам дека ќе биде еден незаборавен настан. Возбудливо е да се гледа како Македонија, една мала земја, презема огромна обврска за организирање на ваков настан, во кој ќе уживаме во пријателска атмосфера и размена на нови идеи. Горда сум да кажам дека има одлична бројност, балансирана родова припадност и многу нови млади членови. Лајонс Интернационал е свесен за сите проекти за млади и деца  кои ги презема овој Дистрикт, проекти од Лајонс фондацијата за дијабетес и за рана детекција на проблеми со видот кај децата“, речеИнгвадотир.

 За Лајон Роза Крстевска, програмски директор на Европа Форум, настанот е поддржан од највисоките светски официри во Лајонизмот.

 „На настанот ќе се организираат повеќе од 60 тематски состаноци поврзани со слабоводноста и слепилото, деца со посебни потреби, за раната детекција кај децата за оштетување на видот, за свесноста и емпатијата кон лицата заболени од Алцхајмер, 55 години од земјотресот во Скопје, градот на солидарноста и тема поврзана со Мајка Тереза. Ќе се работат теми поврзани со младите и градење заеднички активности за нивно поттикнување и вклучување во лајонизмот, посочи Крстевска.

 Лајонс Европа Форум се одржува во објектот на Македонска Филхармонија од 25 до 27 октомври во Скопје.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK