AMD Strela

 

Во Габрово се асфалтираат улици, се довршува филтер станицата и се изведуваат каскади

Во Габрово се асфалтираат улици, се довршува филтер станицата и се изведуваат каскади
Објавено на: 25 Oct 2018

Општина Струмица деновиве реализира повеќе активности во населеното место Габрово. Задоволството од реализацијата на планираните проекти, со жителите на Габрово го сподели градоначалникот Коста Јаневски, кој со своите соработници ги посети локациите на кои што се изведуваат градежните работи. Градоначалникот Јаневски информираше и за активностите во останатите населени места.

 -Во Габрово се работи на асфалтирање на три улици и на уште нешто што за мене и за граѓаните на ова населено место е многу значајно и долгоочекуван проект,  а тоа е довршувањето на филтер станицата која што треба да овозможи квалитетна вода за пиење. Ги пребродивме сите технички предизвици кои што претстоеја за да можеме тој проект да го завршиме како што треба и еве можам да најавам дека до крајот на ноември ќе биде инсталирана одредена опрема која што ќе овозможи квалитетна чиста вода за пиење. Веднаш потоа следува тестирање на водоводните линии кои што постојат уште многу одамна, но кои се уште не се ставени во функција и мислам дека во догледен период, цел тој систем ќе биде ставен во употреба. Тука, во моментот се изведуваат и каскадите кои што треба да ги смират водите кои што неконтролирано доаѓаат од падините на планината Беласица и кои што во неколку наврати знаеја да направат штета, тие се таканаречни базни прегради кои што финишираат и мислам дека ќе решат еден голем проблем. Исто така, можам да најавам дека во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, аплициравме со проект за реконструкција и пробивање на туристичката патека која што води до водопадите на ова населено место и кои што се позната туристичка атракција, посебно, пробивање до третиот, односно, највисокиот и последен водопад во атарот на ова место. Од овде можам да најавам и активности кои што во моментот се случуваат во населеното место Банско, асфалтирање на три улици со должина од околу 560 метри, асфалтирање на улици има и Куклиш, во Градско Балдовци во тек се завршните активности за асфалтирање на улиците и повеќе други такви проекти кои што во наредните денови ќе можеме да ги видиме како се финишираат се согласно барањата и желбите на граѓаните кои што ги вклопивме во нашата програма за оваа буџетска година, а кои резултираа од средбите со граѓаните во претходниот период и сите тие проекти се резултат на таа заедничка соработка, рече градоначалникот Јаневски.

 Жителите на Габрово му се заблагодарија на градоначалникот Јаневски за реализацијата на проектите со кои се подобруваат условите за живот во нивното населено место.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK