AMD Strela

 

ЈАВЕН ПОВИК за финансирање на културните активности од Буџетот на Општина Богданци за 2019 година

ЈАВЕН ПОВИК   за финансирање на културните активности од Буџетот на Општина Богданци за 2019 година
Објавено на: 25 Oct 2018

  Право на учество имаат здруженија на граѓани и други правни лица од областа на културата кои делуваат на територијата на Општина Богданци.

Здруженијата на граѓани и другите правни лица кои учествуваат на овој повик потребно е :
– да придонесат за збогатување на културниот живот во општината;
– да придонесат за зачувување и афирмирање на материјалното и духовното културно наследство на општина Богданци;
– да го поттикнат и афирмираат културното творештво  на младите уметници;
– да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;

-да обезбедат континуитет на традиционалните културно уметнички манифестации кои се од локален карактер.

Потребна документација која здруженијата на граѓани и други правни лица од областа на културата треба да ја достават:

– Документација од извршена регистрација на субјектот (Копија);
– Годишна програма за работа за 2019 година;
– Извештај за потрошените средства добиени од Општина Богданци за 2018 година (до денот на поднесување на пријавата);

Рок и начин на доставување на пријавите

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 02.11.2018 година (Петок) до 16 часот.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави во архивата на општина Богданци или преку пошта на адреса: Општина Богданци, ул.„Маршал Тито“ бр.62 1484 Богданци со назнака „за финансирање на активности од областа на културата за 2019 година“.       

Здруженијатa, учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по донесување на годишната Програма за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2018 година.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK