AMD Strela

 

Општина Василево се подготвува за манифестацијата „Ден на празот“

Општина Василево се подготвува за манифестацијата „Ден на празот“
Објавено на: 26 Oct 2018

В недела, на 4 ноември, во организација на општина Василево, во населеното место Градошорци,  ќе се одржи традиционалната манифестација „Ден на празот“ по десетти пат.

Подготовките за оваа, јубилејна, десета по ред манифестација,  се во тек.  Според програмата на манифестацијата ќе настапат ученици од општинските училишта,  културно уметнички друштва со свои фолклорни настапи како и музичка група која ќе се погрижи за забавниот дел од манифестацијата.

Присутните ќе ја имаат можноста да вкусат од многуте  специјалитети од праз,  подготвени од локалните домаќинки специјално за манифестацијата.

Новина на годинешната 10-та по ред манифестација, која го промовира празот како здрава храна и Градошорци и овиј крај како подрачје во кое се произведува најдобриот праз во државата и пошироко, е тоа што добива една нова, хумана димензија.  Посетителите ќе можат да ја покажат своја хуманост на дело, донирајќи парични средства за специјалитетите од праз што ќе посакаат да ги дегустираат. Собраните парични средства општината ќе ги донира на  оние на кои им се најнеопходни.

Општина Василево ги поканува вредните домаќинки и домаќини   како и секоја година, со своите специјалитети да ја збогатат трпезата на манифестацијата, покажувајќи ги неограничените можности за употреба на празот, а останати граѓани да дојдат во Градошорци и да уживаат во вкусот на празот и содржините на Манифестацијата.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK