AMD Strela

 

Младите волонтери на Црвен Крст одиграа театарска претстава

Младите волонтери на Црвен Крст одиграа театарска претстава
Објавено на: 31 Oct 2018

Синоќа во Дом на АРМ се одржа театарска претстава со наслов „Зарем заслужувам?“ подготвена од волонтерите на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Струмица.  

Преставата носеше гласна порака која гласи  „Никој не заслужува да биде исмеван и понижуван“. Претставата е дел од ПХВ (Промоција на хумани вредности). Тоа е програма која претставува ретка можност младите да ја сменаат својата дневна рутина, да научат да прават добри нешта за себе но и за другите во заедницата.

Присутните воедно  се информиираа за позивитивните ефекти од ПХВ проектите, проекти чија што главна цел е вклучување на младите со различна етничка припадност во заеднички проекти за изградба на взаемното разбирање, толеранцијата , културата на дијалог  и доделување на хуманитарна помошна на социјално загрозени семејства со цел да им се обезбеди по добар начин на живот.

Децата кои добија Дипломи за својот ангажман во ПХВ циклусот 2018 година беа посебно задоволни и мотивирани да продолжат со тој свој ангажман и својот елан да го пренесат на своите врсници.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK