AMD Strela

 

Костадин Костадинов е нов портпарол на СДСМ

Костадин Костадинов е нов портпарол на СДСМ
Објавено на: 31 Oct 2018

Нов портпарол на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е Костадин Костадинов, пратеник во Собранието на Република Македонија, соопштија денес од прес службата на владеачката партија.

Роден е на 22.03.1990 година во Струмица каде што живее и денеска. Дипломирал во 2011 година на Економскиот факултет при Универзитетот ФОН во Скопје.

Во 2017 година започнува со постдипломски студии, насока „Финансиски менаџмент“ на МИТ Универзитет во Скопје.

Своето работно искуство го започнува како млад бизнисмен во областа на градежништвото и претприемништвото со сопствена компанија.

Посветен да придонесе за развој на своето родно место и интересот на своите сограѓани, од 2013 до 2016 година бил советник во Совет на Општина Струмица.

Бил претседател на подмладокот на СДСМ во Струмица во периодот од 2010 до 2018 година.
Во февруари 2017 година Костадинов ја презема функцијата вршител на должност Градоначалник на Општина Струмица која ја извршува до ноември 2017 година.

Од 2017 година Костадинов е пратеник во Собранието на Република Македонија од СДСМ и коалицијата.
Зборува англиски јазик, а добро го владее и турскиот јазик.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK