AMD Strela

 

Ден на празот по 11 пат во општина Василево

Ден на празот по 11 пат во општина Василево
Објавено на: 04 Nov 2018

Денес во населеното место Градошорци, во организација на општина Василево се одржа традиционалната Манифестација „ Ден на празот“ која го промовира празот и Градошорци како место во кое се произведува најквалитетниот праз во државата.

Вредните домаќинки подготвија повеќе специјалиети од праз, меѓу кои предничеа баници, погачи, пити,солена торта, како и чорба со праз, пити, чурек, сарма,  колбаси со праз, свинско и пилешко со праз, бурек и многу други специјалитети.

Манифестацијата за отворена ја прогласи градоначалникот на Василево, Марјан Јанев, кој истакна дека годинава „Денот на празот“ добива и хумантирна димензија.

-Оваа година манифестацијата, добива и една друга   димензија-хуманитарна . Специјалитетите од праз специјално  подготвени за манифестацијата како и во претходните години ќе можат да се дегустираат од страна на посетителите. Новината е во тоа што граѓаните ќе треба да издвојат симболична сума на средства која ние како организатори  ќе ја донираме  онаму каде што ќе се покаже како најнеопходно. Значи од оваа година им нудиме на граѓаните да ја покажат својата хуманост на дело и со малку средства, да направат големо дело, да помогнат на некој што и те како му е неопходна помош, рече градоначалникот Јанев.

Во продоелжние на манифестацијата настапија културно-уметнички друштва,а не изостана и орото.

На „Денот на празот“ присуствуваа голем број граѓани од земјава и странство, градоначалници од општините во регионот, претставници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK