AMD Strela

 

Соработка на иноваторите од Македонија и Франција

Соработка на иноваторите од Македонија и Франција
Објавено на: 07 Nov 2018

Амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристиан Тимоние, директорот на Францускиот институт во Скопје, Емануел Рембер и аташето за култура, Бранко Чобанов најавија одлична соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии при посетата на Центарот за трансфер на технологии и иновации - ИНОФЕИТ.

 Домаќините, професор д-р Димитар Ташковски, како декан на Факултетот и продеканите професор д-р Владимир Димчев и професор д-р Владимир Атанасовски (управител на ИНОФЕИТ), ги презентираа досегашните достигнувања на Центарот, кој Европската Инвестициска Банка го идентификуваше како Регионален центар за извонредност, единствен од ваков тип на Западен Балкан.

 Амбасадорот Тимоние со воодушевување ги поздрави сите активности на ИНОФЕИТ и плановите за привлекување на 25 докторанти кои ќе работат на фундаментални и применети истражувања за потребите на локалната и глобалната индустрија. Исто така, тој потенцираше дека е во тек потпишување договор за деловно-техничка соработка меѓу Франција и Македонија.

 „Со овој договор ќе се овозможи мобилност на иноваторите од двете земји за да се идентификуваат можностите за заеднички проекти за истражување и развој, во тесна соработка со индустријата. Францускиот институт и Амбасадата во Скопје стојат на располагање да ги поттикнат и охрабрат можностите за научно-техничка соработка на клучните чинители од двете земји со цел да се зголеми економскиот раст и развој заснован на напредни и нови технологии“, вели Тимоние.

 Со активности ИНОФЕИТ се стреми да ги привлече младите и талентирани научници и истражувачи, преку нивно вклучување во различни проекти насочени кон практично образование, учење базирано на решавање на проблеми, колаборативни студии на случај на различни инженерски теми, вели професор Атанасовски.

 „ИНОФЕИТ ќе овозможи комерцијализација на развиената технологија во рамки на ФЕИТ и УКИМ. Поддршка на новоформираните компании / стартапи и спин оф ќе се овозможи преку различни инструменти на ИНОФЕИТ. Но, особена поддршка ќе биде овозможена преку новоформираниот Деловно – технолошки Акцелератор УКИМ“, подвелече Атанасовски.

 Според деканот Ташковски, идејата за создавање на ИНОФЕИТ произлегла од потребата за целосно применување на концептот на трипл хеликс, односно унапредување на соработката на универзитетите со индустријата во делот на иновациите.

 „Глобалните трендови покажуваат дека науката дава најголем придонес во технолошкиот развој на економиите и индустријата кога Универзитетите се носечки партнери во проектите за применетото истражување и развој. Првиот исчекор веќе е направен со шест компании партнери на ИНОФЕИТ, кои ја согледоа предноста за вклучување на академскиот кадар во нивните проекти за истражување и развој и финансиски го поддржаа отворањето на ИНОФЕИТ. На последниот повик на Фондот за иновации и технолошки развој за иновации, ИНОФЕИТ беше една од ретките наставно-научни институции кои заедно со четири компании поднесоа апликации (од кои три се одобрени), што ќе овозможи непосредна соработка на наставно-научниот кадар и на студентите на ФЕИТ во технолошкиот развој на нови производи и услуги на македонските компании“, истакна деканот Ташковски.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK