AMD Strela
River Soft

 

Завршува рехабилитацијата на транзитната делница од регионалниот пат кој што минува низ населеното место Куклиш

Завршува рехабилитацијата на транзитната делница од регионалниот пат кој што минува низ населеното место Куклиш
Објавено на: 08 Nov 2018

Според градоначалникот Коста Јаневски, рехабилитацијата на делницата е резултат на заедничката соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, а изведувач е Македонија пат. Со овој зафат се подобрува безбедноста на месното население.

-Ова е значајна делница која произлезе од разговорите со месното население на кои многу често ја спомнуваа како една од критичните точки на која што постои опасност за безбедноста на граѓаните. Ние се заложивме максимално во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, оваа делница да ја рехабилитираме во најкус рок, дадовме ветување и еве јас сум задоволен што оваа наша заедничка заложба денеска финишира и мислам дека ова населено место ќе добие побезбедна делница. Зедовме дел од обврските и ние како општина со тоа што изведовме некои прокопи кои што беа неопходни пред да почне асфалтирањето, зедовме обврска да го подобриме осветлувањето на оваа делница и со тоа мислам дека во тој поглед ќе биде многу побезбеден овој пат. Ова е заедничка соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, изведбата е на Македонија пат, делницата е долга околу два километри со ширина од 6 до 6,5 метри, а ќе се изврши и тампонирање на банкините и тоа го зборувавме пред извесно време кога рековме дека и на тој начин ќе се обидеме да добиеме на површина со што би се подобрила безбедноста и јас од овој проект сум доста задоволен, мислам дека е квалитетно изведен, со дебелени на асфалтниот слој од 7 сантиметри кое што ќе гарантира поголема трајност и издржливост на оваа делница, така што сите услови се исполнети, ветувањето е исполнето и тоа треба на сите да ни претставува едно големо задоволство, рече градоначалникот Јаневски.

На одредени места на оваа делница се планирани и тротоари.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK