AMD Strela
River Soft

 

Македонската православна црква-ОА доби нов владика-Епископ полјански Јаков

Македонската православна црква-ОА доби нов владика-Епископ полјански Јаков
Објавено на: 24 Nov 2018

Со одржување на наречение на новоизбраниот Епископ полјански Јаков, вечерва во црквата „СВети петнаесет“ во Струмица Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА на чело со поглаварот г.г. СТефан ја соопшти радосната вест дека тој е новиот, 13 владика на Синодот на МПЦ-ОА.

Пред голем број верници одлуката на Светиот синод за наречение на новоизбраниот Епископ Полјански Јаков, ја прочита поглаварот Стефан, а заедно со останатите владици ја водеше церемонијата на наречението на новиот Епископ на Светиот синод на МПЦ-ОА.

Инаку, Епископот полјански Јаков е досегашен старешина во манастирот „Свети Антониј и свети великомаченик Георгиј“, во Ново Село,Струмичко.

Тој сега ја носи титулата  Епископ Полјански и во иднина ќе биде викарен епископ на Митрополитот струмички господин Наум.

Одлуката на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА е донесена на 29 септември оваа година, а чинот на хиротонија или ракополагањето ќе се случи утре на соборот на епископите, кој ќе се одржи во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и Свети Леонтиј во Водоча“. Тука поглаварот на МПЦ г.г. Стефан заедно со членовите на синодот ќе отслужи и Божествена литургија на која ќе се изврши хиротонијата на новоизбраниот епископ Полјански Јаков.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK