AMD Strela

 

Седница на Советот на општина Василево в четврток

Седница на Советот на општина Василево в четврток
Објавено на: 27 Nov 2018

В четврток, 29.11.2018 година со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево  ќе ја одржи 15-та седница. За работа на седницата предложен е следниот деневен ред:

  1. Предлог-годишна програма за работа на овластен градежен инспектор за периодот од 01.01.2019 година до 31.12.2019 година.
  2. Предлог- програма за социјална заштита во општина Василево за 2019 година.
  3. Предлог- програма за заедничка потрошувачка во општина Василево за 2019 година.
  4. Предлог- програма за одржување на локалните патишта и улици во општина Василево за 2018/2019 година во зимски услови.
  5. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација  за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или сообраќајната инфраструктура воопшто нема да се предвиди и вклопување на бесправниот објект –деловен објект на КП бр. 1668 во КО Василево вон гр.
  6. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација  за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или сообраќајната инфраструктура воопшто нема да се предвиди и вклопување на бесправниот објект –деловен објект на КП бр. 2467 во КО Сушево.
  7. Предлог-одлука за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на општина Василево од сите ризици и опасности за 2019 година.
  8. Предлог-одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Василево за 2018 година.
  9. Предлог-одлука за доставување на предлог-проекти за користење на грантова шема во рамките на проектот „Унапредување на општинското живеење“
  10. Предлог-одлука за утврдување на висината на пазарната вредност на недвижниот имот на територијата на општина Василево .
  11. Давање согласност на одлуката на ЈПКД „Турија“, Василево за дополнување на Одлуката за усогласување на дејностите на ЈПКД „Турија“, п.о Василево, според новиот шифрарник, согласно Националната класификација на дејностите бр. 02-182/1 од 30.03.2017 година.
  12. Давање согласност на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Прва радост“, Василево.
  13. Предлог-решение за разрешување и именување на претседател на верификационата комисија.
  14. Предлог-решение за разрешување и именување на претседател на Комисијата за еднакви можности.
  15. Предлог-решение за разрешување и именување на член на Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој.
  16. Предлог-решение за разрешување и именување на член на Комисијата за општествени дејности.
  17. Донесување на Одлука по барање за финансиска помош поднесено од Аршимов Шенџан од с. Градашорци бр. 179.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK