AMD Strela
River Soft

 

Во Струмица украдени 40 капаци за сливници

Во Струмица украдени 40 капаци за сливници
Објавено на: 28 Nov 2018

Капаци за сливници за канализација се украдени викендов на повеќе локации во градот, соопштија од ЈПКД „Комуналец“

Секторот “Водовод и канализација“ при ЈПКД “Комуналец“ ги алармираше сите надлежни институции дека кражбите се многу зачестени и оти исчезнуваат капаци и на најфреквентните улици во градот. Отворените капаци може да предизвикаат сериозни проблеми за сите што редовно се движат по тротоарите и коловозите.

Вистинска среќа е што нема повредени или евентуални поголеми оштетувања на возилата, затоа што само во последните три дена се украдени 40-ина капаци од сливници.

Проблемите што се создаваат со украдените капаци не се само закана за безбедноста на граѓаните туку претставуваат и трошок за јавното претпријатие. Екипи постојано се на терен да ги санираат состојбите, да ги затворат дупките и да постават нови капаци.

Ги повикуваме граѓаните доколку забележат ваква појава веднаш да пријават во најблиската полициска станица, како и на нашиот дежурен телефон  034/325 909 или на нашата официјална фан страна на Фејсбук.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK