AMD Strela

 

Откриени 185 килограми марихуана во викендичка на Суви Лаки

Откриени 185 килограми марихуана во викендичка на Суви Лаки
Објавено на: 28 Nov 2018

Вчера од 19,40 часот до 21,30 часот, во викенд куќа на место викано „Суви Лаки“, атар на општина Берово, сопственост на лицето: М.П (63) од Струмица, а која ја користи и неговиот син М.П.(21) од  Струмица, врз основа на Наредба од Судија на претходна постапка при Основен суд - Берово,  извршен е претрес на дом и помошни простории - при што во помошна просторија (остава-шупа), пронајдена е марихуана спакувана во  18 полиетиленски кеси со маса од околку 185 килограми, соопшти на денешната прес конфереција портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.
По преземените истражни дејствија, во викенд куќата исто така пронајдена е марихуана.

Лицето  М.П (21) од Струмица е лишено од слобода и задржано во СВР Струмица.


СВР Струмица работи на целосно расчистување и документирање на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK