AMD Strela
River Soft

 

Академија во Струмица за прераснувањето на Католичката црква од Егзархат во Епархија

Академија во Струмица за прераснувањето на  Католичката црква од Егзархат во Епархија
Објавено на: 01 Dec 2018

Со декрет на Папата Фрањо Католичката црка во Македонија доби статус на Епархија, а досегашниот поглавар д-р Киро Стојанов е именуван за Епархиски епископ на Католичката епархија „Успение на Пресвета Богородица Струмица-Скопје“.

По тој повод вечерва во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица се оржа свечена академија на која присутвуваа Префектот на Конгрегацијата за Источни цркви, кардиналот Леонардо Сандри, кој ги пренесе благословите од Папата, владици од католички цркви, гости од други цркви,свештеници и верници на Католичката црква.

Академијата почна со исполнување на химните на Република Македонија и Ватикан од страна на црковниот хор, а за значењето на добивањето на статус епархија за католичките верници зборуваше д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и Епископ струмичко-скопски. Тој истакна дека тие први добиле статус на епархија во регионот.

-Сите наши соседни други држави практично имаат апостолски егзархат, а Македонија е прва која е препознаена од Светиот отец Папа за животот и живата црква во Република Македонија, рече поглаварот на Католичката црква во Македонија, д-р Киро Стојанов.

Утре по повод прераснувањето на Католичката црква во Епархија ќе се одржи литургија, која ќе ја предводи Префектот на Конгрегацијата за Источни цркви, кардиналот Леонардо Сандри. Тој ќе ги прочита декретите на Папата Фрањо за основање на Епархијата и именување и устоличување на д-р Киро Стојанов за Епархиски епископ на Католичката епархија „Успение на Пресвета Богородица Струмица-Скопје.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK