AMD Strela
River Soft

 

Децата со попреченост на модна писта-„Убави сме,свои сме“

Децата со попреченост на модна писта-„Убави сме,свои сме“
Објавено на: 02 Dec 2018

По повод утрешниот Светски ден на лицата со попреченост триесет деца со попреченост од повеќе градови на Македонија попладнево чекореа по модна писта во Хотелот „Вила Парк“ заедно со нивните придружници-познати лица од политиката, естрадата, спортот и бизнисот.

На ревијата учестуваа градоначалниците на Струмица и Валандово, Коста Јаневски и Перо Костадинов, шефицата на Кабинетот на претседателот на Владата, Мирјана Јанева, ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра и неговата внука од брат му Вице, Ева, а ревијата ја следеше и сопругата на Заев, Зорица.

Прсутните ги поздрави градоначалникот на Струмица, Коста Јаневки, кој меѓу другото истакна дека од денеска од неговиот речник го брише зборот хендикеп.

-Денеска се чувствувам многу горд кога гледам во мојата Струмица толку многу луѓе кои се подготвени да подадат рака, да ги урнат сите бариери и да помогнат. Јас од денеска од мојот речник го бришам зборот хендикеп. Во секој од нас има потенцијал кој само треба да го најдеме со сета своја енергија и сила. Утре е Ден на лицата со попреченост, но јас би го нарекол Ден на рушење на бариерите. Јас повеќе не признавам попреченост. Сакам сите заедно како на овој ден, сплотени да се избориме со сите можни бариери, физички, психички или било какви. Бариери во Струмица и нашата држава веќе не смеат да постојат. Да бидеме пример за сите, како може во една мала средина да се решаваат овие бариери, рече градоначалникот Јаневски.

Модната ревија „Убави сме, свои сме“ се одржа во организација на здружението на деца со даунов синдром „Вера“ од Струмица.

 

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK