AMD Strela
River Soft

 

Општина Струмица ја зголеми мобилноста на лицата со попречености

Општина Струмица ја зголеми мобилноста на лицата со попречености
Објавено на: 03 Dec 2018

На меѓународниот ден на лицата со попречености и официјално беше ставено во функција специјалното патничко возило, донација од Владата на Република Бугарија. 
Ова возило ќе се користи за организиран специјален патнички превоз на лица од ранливите групи, првенствено за децата со попречености од сите категории заради решавање на проблемот со превозот. Според градоначалникот Коста Јаневски, со ова се зголемува мобилноста на лицата со попречености, односно, се зголемува нивната пристапност до институциите кои што им се потребни.

-Денеска е ден во кој се потсетуваме дека во нашето општество и секаде во светот се уште постојат бариери за кои се заколнавме и ветивме дека ќе ги рушиме. Бариери психолошки, физички, бариери со стереотипи, бариери социјални, кои што мораме една по една да ги рушиме. Еве денеска, една од бариерите во нашата општина на некој начин ја рушиме, ја олеснуваме, со тоа што го ставаме во функција специјалното возило за лицата кои што имаат потреба од такво возило, ја зголемуваме нивната мобилност, ја зголемуваме пристапноста до институциите кои што им се потребни. На тој начин им го олеснуваме животот и продолжуваме со следните бариери кои што се предизвик во нашето општество. Се обидуваме од овие лица кои се наши сограѓани да извлечеме максимум, а нашата заложба е да пронајдеме што е тоа што тие лица можат да го направат, за тоа што не можат, ние сме тука да им помогнеме, да бидат корисни и да бидат еден украс на нашето општество. Ова возило е донација од Владата на Република Бугарија и ќе се користи согласно Правилникот кој што го донесовме, обезбедивме специјален лиценциран придружник кој што ќе помага во транспортот, општина Струмица обезбеди возач, има точно определени начини и правила како ќе се користи. Специјалното возило ќе им помогне многу на лицата кои што имаат потреба од специјален превоз бидејќи ќе им ја олесни пристапноста до институциите, рече градоначалникот Јаневски.
Градоначалникот Јаневски денеска имаше средба со претставници на здруженијата на лицата со попречености на која што се разговараше за нивните проблеми и како тие да се решат.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK