AMD Strela
River Soft

 

Над 90 трудови на шестата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој

Над 90 трудови на шестата студентска конференција за  енергетска ефикасност и одржлив развој
Објавено на: 04 Dec 2018

Повеќе од 90 студенти со свои научни трудови учествуваат на шестата Студентска Конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој (СКЕОР), која се одржува на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

 „Сметаме дека е од исклучителна важност да се организира настан чија што целна група се студентите кои како академски граѓани ќе имаат водечки улоги во областа на енергетиката, енергетската ефикасност и одржливиот развој, актуелни полиња со непроценливи можности. Самата конференција има научен и едукативен карактер со што студентите ги продлабочуваат своите знаења во областите од нивен интерес и тоа, соработувајќи со најдобрите стручни лица во соодветните теми на фокус“, потенцира Ангела Најдоска, претседател на Здружението за истражување и промоција на енергетската ефикасност и одржливиот развој (СКЕЕОР).

 Професорката Маргарита Гиновска, координатор на Конференцијата, истакна дека меѓу студентите има учесници од Колумбија, Словенија, Израел, Србија и Бугарија со свои научни трудови и повеќе од 10 пленарни предавања на реномирани професори и претставници на компании.

 „Навистина сум неизмерно задоволна од она што студентите успеваат да го постигнат од научен и организациски аспект. Особена среќа ми претставува тоа што сите овие години имаме одлична соработка и успеваме да организираме сé поуспешна конференција за која што има сé поголем интерес. Имаме навистина солидни студенти со огромен потенцијал, кои со моја помош, успеваат да го канализираат преку еден ваков уникатен настан. Се надевам дека оваа традиција ќе продолжи уште многу години!“, потенцира Гиновска.

 Деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски, во својот говористакна низа активности кои ги презема Факултетот за енергетска ефикасност и одржлив развој.

„Пред неколку години ја реновиравме фасадата во енергетски ефикасна фасада, сега работиме на реновирање на внатрешната фасада. Инсталиравме систем за мониторирање на потрошувачката на електрична енергија. Исто така, на ФЕИТ во функција се две фотоволатаични централи со вкупна моќност од 22 KW а планираме да инсталираме уште 28 KW.  Континурано се менуваат светилките со ефикасни светилки, поставуваме сензори за движење по ходници и водиме сметка за селекција на отпад“, рече Ташковски.

 Студентската конференција ја организираат студентите на ФЕИТ, под покровителство на Факултетот и на Град Скопје. Студентите ги поздрави професор д-р Љубица Јанчева, претседател на Совет на Град Скопје.

 „Да се пронајде нешто корисно – ’енергетската ефикасност’, потоа да се искористи во склад со природата и да се донесе во релација со одржливиот развој, веројатно е големо научно-истражувачко задоволство. Но, за актуелизирањето на релацијата потребни сте секогаш и Вие, почитувани претставници од академско научната заедница, но и Вие, студенти, кои како млади истражувачи со вашите креативни идеи, ќе партиципиратеи во актуелизирање и во одржување на релација и тоа во локалните одредници, но и пошироко“, вели Јанчева.

 Основната идеја на конференцијата е да се разменуваат идеи и мислења меѓу студентите, професорите и претставниците од енергетските компании со што се прави чекор напред кон решавање на дел од проблемите од областа на енергетска ефикасност и одржливиот развој, како две светски актуелни прашања на кои интензивно се работи и во Македонија.

 Прв пат годинава, во рамки на конференцијата, ќе се одржи хакатон во проосториите на ИНОФЕИТ посветен на развивање на идеите на студентите во насока на остварување на успешни бизнис модели и планови, во соработка со професори, директори од влијателни компании и личности од бизнис секторот. Целта е да се поттикнат студентите да ги насочат своите идеи и активности кон суштинска импементација и развивање на иновативни бизниси.

 Конференцијата доби поддршка од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Градот Скопје, од голем број успешни компании и здруженија, меѓу кои МЕПСО, ЕЛЕМ, AmCHAM Macedonia,Mako Cigre,  Leks Electric, Макпетрол, Комора на овластени архитекти и инженери,Пако Мак, Feroinvest, Sixt, EVN, Усјеи многу други, кои логистички ја поддржаа конференцијата, меѓу кои Кожувчанка, Скопска Пивара, Виталиа, Жито Лукс.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK