AMD Strela
River Soft

 

Кај жител на Брајковци пронајдени 7,6 килограми марихуана

Кај жител на Брајковци пронајдени 7,6 килограми марихуана
Објавено на: 31 Dec 2018

СВР Струмица преку Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово, до Основното јавно обвинителство во Велес, поднесе кривична пријава протов Д.П (47) од село Брајковци, Валандово,  поради основано сомневање за сторено  кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Вчера по претходни оперативни сознанија со наредба за претрес на домот и помошните  простории  од страна на судија на претходна постапка  извршен е претрес кај пријавениот.

Од страна на полициски службеници од НК за КР Валандово  од извршениот претрес во домот и помошните простории пронајдени се: 1 пластично буре, 8 картонски кутии  и 2 книжни вреќи  со непозната растителна материја; Со потврда за привремено одземени предмети пронајдените предмети со непознатата растителна материја се одземени, пријавениот е лишен од слобода  и задржан во просториите на ПС од ОН Гевгелија.

Пронајдената  непозната растителна материја е испратена  на вештачење во Одделот за криминалистичко-технички испитувања. Врз основа на добиениот наод од вештачењето  утврдено е дак се работи за опојна дрога марихуана  во нето тежина од 7.620 грама.

По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица – НК за КР - Валандово  подготвена е кривична пријава и доставена  во ОЈО-Велес.

            По наредба на судија на претходна постапка на пријавениот  му е одреден притвор во траење од 30 дена.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK