AMD Strela

 

Традиционалниот новогодишно-божиќен концерт на струмичките гимназијалци ќе се одржи в петок

Традиционалниот новогодишно-божиќен концерт на струмичките  гимназијалци ќе се одржи в петок
Објавено на: 02 Jan 2019

Традиционалниот празничен и тематски концерт на учениците од СОУ „Јане Сандански“ е закажан в петок, 4 јануари со пчеток во 19 часот на големата сцена во НУЦК „Антон Панов“. Перформансот годинава ќе го носи името „One Way Ticket“.

-Деветтото издание на нашиот новогодишно-божиќен концерт ќе биде во знак на најголемите хитови кои ги полнеле подиумите во минатиот век. Се надевамe дека публиката ќе ужива во заразните диско звуци од ABBA, Bee Gees, Boney M и многу други изведувачи, информираат од струмичката гимназија.

На концертот ќе настапат солисти, инструменталисти, хорски и танчарски групи под менторство на професорите Анита Станковска, Денис Кирчанов и Полина Ашикова.

Средствата од концертот ќе бидат наменети за обезбедување музичка опрема во кабинетот по музика.

Покрaј концертот во 19 часот, поради големиот интерес е закажан уште еден во 21 часот.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK