AMD Strela

 

Струмичките гимназијалци по деветти пат го одржаа хуманитарниот божикен концерт

Струмичките гимназијалци по деветти пат го одржаа хуманитарниот божикен концерт
Објавено на: 05 Jan 2019

Деветти пат по ред учениците од Гимназијата „Јане Сандански“ заедно со нивните професори го организираа и одржаа божикниот хуманитарен концерт насловен по големиот диско хит од минатиот век „One way ticket“.

Со прекрасни аранжмани и кореографија солистите, хорот, бендот и ритмичката група во еден здив ги отпееја и одиграа диско хитовите на ABBA, Boney M, Bee Gees и многу други, кои ги полнеле подимумите некогаш.

Синоќа се одржаа два концерти, а заради големиот интерес на публиката ќе се одржи уште еден вечер.

Собраните средства од трите концерти ќе бидат употребени за опремување на кабинетот по музика и набавка на нови инструменти.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK