AMD Strela

 

Општина Струмица и „Комуналец“ продолжија со чистење на снегот

Општина Струмица и „Комуналец“ продолжија со чистење на снегот
Објавено на: 05 Jan 2019

Општина Струмица и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и денеска продолжија со интензивно чистење на снегот во градот, населените места и локалните патишта со сите расположливи ресурси, а беше ангажирана и дополнителна механизација.

 

Освен на улиците, тротоарите и пешачките зони во градот, се чистеше во индустриската зона Север, и во населените места Раборци, Рич, Попчево, Куклиш, Свидовица, Банско, Габрово, Муртино, Просениково, Добрејци, Градско Балдовци, Костурино, Вељуса, Водоча и Баница и на патиштата што водат кон нив.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK