AMD Strela
River Soft

 

Честитка од градоначалникот Јаневски по повод Бадник и Божик

Честитка од градоначалникот Јаневски по повод Бадник и Божик
Објавено на: 05 Jan 2019

Почитувани сограѓани од христијанска вероисповед,

                 Во пресрет на празнувањето на Бадник и Божик, сакам најискрено да Ви посакам  празниците да ги дочекате со радост во Вашите семејства и со топлина во Вашите домови, пронаоѓајќи ја вистинската смисла на постоењето и живеењето.

             Рождеството Христово како еден од двата најголеми празника во Христијанството, заслужува да го одбележиме со спомен на големиот настан кој се случил во Витлеемската пештера пред повеќе од два милениума, и да си спомнеме дека во раѓањето на Христа се наоѓаат никулците на нашата вера.

             Во чест на Исус Христос и за атер на нашите празнувања, време е да се погрижиме да го истиснеме злото од душите, за да му направиме место на доброто кое не прави луѓе во вистинската смисла на зборот.

             Да бидеме здрави, среќни и весели и со насмевка на лицата да го изговораме празничниот поздрав „Христос се роди“.

             Честити, благословени и вековити нека Ви се Бадник и Божик.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK