AMD Strela
River Soft

 

Преземени активности на Oпштина Богданци за изградба, реконструкција, оддржување и заштита на локалната патна мрежа

Преземени активности на Oпштина Богданци за изградба, реконструкција, оддржување и заштита на локалната патна мрежа
Објавено на: 31 Jan 2019

Општина Богданци во рамки на своите можности и подпомогната од Фондот за патишта редовно ги оддржува локалните улици и патишта.

Реалната слика е дека и покрај редовното оддржување локалната патна мрежа е во релативно лоша состојба. Ваквото редовно оддржување на веќе истрошените улици претставува голем товaр за Општината и во иднина како општина со скромен Буџет за оваа намена не ќе бидеме во состојба континуирано да обезбедуваме квалитетно оддржување на локалната патна мрежа, затоа врз основа на стратешкиот документ за локален развој предвидено е реконструкција на следниве локални улици и патишта со изнаоѓање средства од домашни и мегународни донатори:

 -          Улици и патишта за кои е веке аплицирано и за кои се очекуваат резултати.

  1. Реконструкција на локален пат Стојаково –Селемли во вредност од  21.279.206,28 денари со вклучен ДДВ, со овој проект општина Богданци има аплицирано до програмата на АФПЗРР во мерка 321 и е во очекување на негово одобрување, патната мрежа е во должина од 3903.17м.
  2. Реконструкција на улици во населено место Селемли во вредност од 9.934.278,46 денари со вклучен ДДВ,  со овој проект општина Богданци има аплицирано до програмата на АФПЗРР во мерка 322 и е во очекување на негово одобрување, патната мрежа е во должина од 991,81м (475,16 главна улица +123,8 Ул1 +151,15Ул2 +67,84Ул3 +173,86Ул4).
  3. Реконструкцијата на пешачка и велосипедска патека Богданци-Честе Јавори –Паљурци фаза 1 во вредност од  12.603.745,20 денари со вклучен ДДВ, со овој проект општина Богданци има аплицирано до програмата на АФПЗРР во мерка 323 и е во очекување на негово одобрување, патеката е во должина од 2647,77м.
  4. Реконструкција на локален пат Делница Р1109-Стојаково во вредност од 13.605.914,63 денари со вклучен ДДВ, со овој приоритетен регионален проект општина Богданци преку ЦРЈИПР има аплицирано до програмата на АФПЗРР  и е во очекување на негово одобрување, патната мрежа е во должина од 2.603,40м.
  5. Реконструкција на дел од пристапни улици кон здравен дом во Богданци (дел од улици Васо Марков, Мирче Ацев и Дојранска) во вредност од  2.612.823,25 денари со вклучен ДДВ,со овој проект општина Богданци има аплицирано до програмата за развој на на обединетите нации УНДП  проектот е одобрен и во очекување сме на негово имплементирање во наредниот период, патната мрежа е во должина од 405,06м (201,66 Васо Марков+79,13 Мирче Ацев+124,27 Дојранска).

 -          Улици и патишта за кои е изработена целосна проектна документација и се очекува изнаогање на донаторски фондови.

  1. Патна инфраструктура во туристичка зона Паљурци -Приклучок на улици 1 и 2 кон регионален пат Р1109 Богданци –Фурка во м.в Паљурци во вредност од  5.579.573,00 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од околу 300м.
  2. Реконструкција на улица Крушевска –Богданци во вредност од  15,120,026.63 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од 1.318,53м.
  3. Изградба на нов мост преку Луда Мара за поврзување на населено место Богданци со индустриска зона Барта во вредност од  11.776.706,80 денари со вклучен ДДВ, должина на мост 24,1м, ширина на мост 5,5m со две сообраќајни ленти од 2,75m.
  4. Реконструкција на улица во с.Гавото во вредност од  5.172.308,00 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од околу 1000м.
  5. Реконструкција на улица Кочо Рацин –Богданци во вредност од  2.061.889.00 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од околу 260м.
  6. Реконструкција на улица Брака Миладинови –Богданци во вредност од  2.404.357,00 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од околу 250м.
  7. Реконструкција на улица Ѓуров Дол –Богданци во вредност од  2.494.009.00 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од околу 270м.
  8. Реконструкција на улица Мирче Џочков –Богданци во вредност од  1.524.956.00 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од околу 160м.
  9. Реконструкција на улица Мирка Гинова –Богданци во вредност од  1.341.607.00 денари со вклучен ДДВ, патната мрежа е во должина од околу 130м.

-      Улици и патишта за кои е во тек изработка на проектна документација.

  1. Ул Петар Мусев во населено место Богданци.
  2. Ул Иво Лола Рибар во населено место Богданци.
  3. Ул Козјак во населено место Богданци.
  4. Ул 26-ти Април во населено место Богданци.
  5. Ул Луда Мара во населено место Богданци.
  6. Ул Осоговски во населено место Богданци.
  7. Ул 11-ти Октомври во населено место Богданци.
  8. Ул 10-ти Октомври во населено место Богданци.

 -          Уредување на улици предвидено со годишната програма за изградба, реконструкција, оддржување и заштита на локални патишта и улици во општина Богданци за 2019 година

  1. Кршење на стар асфалт и вадење на стари рабници, чистење на тротоарска површина, тампонирање и поставување на бехатон на ул Маршал Тито- Богданци во вредност од 1.900.000,00 денари.
  2. Сечење на асфалт, ископ, поставување и набивање на тампон и поставување на гребнатини на ул Петар Мусев, ул Изворски, ул Крушевска пред градинка и основно училиште- Богданциво вредност од 79.200,00 денари.
  3. Крпење на асфалт- Богданци во вредност од 354.000,00 денари.
  4. Дел од улица 25-мина –Стојаково во вредност од 1.000.000,00 денари (Набавка, транспорт и поставување на улични бетонски рабници 18/24см, чистење, тампонирање и поставување на бехатон во површина од 795м2).
  5. Споредни улици- Ѓавото (чистење, тампонирање и бетонирање од 4000м2)во вредност од 2.000.000,00 денари.

Во годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на државните патишта за 2019 година на ЈП за државни патишта предвидено е отпочнување на реализација на Регионален пат Р1109, Дедели - Фурка - Богданци – Гевгелија, должина 24 км.

Вредно да се напомене е дека како дополнителен проблем со кој се соочува општина Богданци е застарената урбанистичка документација која при реконструкција на локалните улици и патишта носи  потреба од  легализација и експропријација.

Во моментот општина Богданци има завршен процес за легализација на обиколницата околу Богданци и на делови од улиците Васо Марков, Мирче Ацев и Дојранска.

Покрај сите предизвици со кои се соочува, општина Богданци продолжува да изнаоѓа најсоодветни решенија во служба на граганите за обезбедување поквалитетни услови за живеење. 

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK