AMD Strela

 

Граѓани бараат да се отвори рудникот Иловица-Штука

Граѓани бараат да се отвори рудникот Иловица-Штука
Објавено на: 07 Mar 2019

Граѓани од населени места од општините Босилово и Ново Село бараат да се  отвори Рудникот за бакар и злато „Иловица-Штука“ на компанијата „Еуромакс ресоурцес“. Тие сметат дека се работи за голема инвестиција, која ќе овозможи нови вработувања и развој.

На синоќешната средба со новинарите уште еднаш побараа Рудникот „Иловица-Штука“ да се отвори и додао дека  се работи за голема пропаганда дека рудникот ќе загадува и прашаа како не е загадено во другите локации во државата каде има рудници.

Младиот Климент Младенов, инжинер по билогија, смета дека студиите за заштита на животната средина на компанијата, која треба да го отвори рудникот, покажуваат дека тој нема да влијае на животната средина и дури ќе ги подобри условите и ќе ги заштитат водите и животинскиот свет.

-Мислам дека рудникот треба да почне со работа и да има вработување за да не си заминуваат младите оттука, рече Младенов.

За  Јадранка Јанева од село Иловица важно е да се вработат младите.

-Кога ова инвестиција е дојдена да им овозможиме на младите да работат и да имаат иднина за да не заминуваат во странство.Јас досега живеам од земјоделство, ама никој не ни гарантира дека ќе го продадеме произведеното. Доколку не дозволат да се отвори рудникот, тогаш нека се затворат и факултетите за рударство и децата да не учат,смета Јанева, чиј син има завршено рударски факултет.

Според Митко Костадинов од село Штука, граѓани од неговото село и соседното Иловица работеле работеле  на испитување на локацијата за отворање на рудникот од 2004 до 2016 година.

-До 2016 година таму работеа околу 40 лица. Од пред три години повеќе не работат. Заради тоа нашето село остана без народ и затоа барам да се отвори рудникот за да можеме да живееме. Имаме голема компанија која гарантира дека нема да има загадување и затоа апелирам до Владата да и даде дозвола на компанијата за да почне да се вработува народот, вели Митко Костадинов.

Пензионерот Ѓорѓе Стоилов од село Иловица смета дека нема опасност од отворањето на рудникот и прашува како досега како што вели „не е отровно во Радовиш“.

-Рудата ќе се носи на топење во Бугарија. Треба овој народ да се вработи. Кој ни гарантира дека компирот ќе го продадам и дали можам да гледам стока. Млекото се откупува поефтино од обична вода и затоа сакам да се отвори рудникот, рече на крајот Стоилов.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK