AMD Strela

 

„Комуналец“ го светна градот пред карневалот

„Комуналец“ го светна градот пред карневалот
Објавено на: 07 Mar 2019

Пред почетокот на  манифестацијата „Струмички Карневал“  екипи од одделението „Комунална хигиена“ реализираат акции за уредување и расчистување на централното градско подрачје, влезовите и излезите од градот. Генерално чистење и уредување е извршено на сите пристапни улици до булеварите каде ќе продефилираат учесниците во овогодинешната карневалска поворка.

Минатата година низ улиците на Струмица поминаа околу 2.000 учесници. Имаше групи на учесници од Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Албанија, Бугарија, Германија, но и од Аруба – холандските Антили. Околу 50 000 посетители беа регистрирани како гости дојдени да ја почуствуваат карневалската магија на градот.

Но, ниту една активност на ЈПКД “Комуналец“ не е доволна без  поддршка од граѓаните. Затоа апелираме и оваа година, Струмица да ја покажеме во вистинско светло на Европски чиста и уредена Општина, апелираат од ЈПКД „Комуналец“.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK