AMD Strela

 

Карневалот ја стресе Струмица до темел

Карневалот ја стресе Струмица до темел
Објавено на: 09 Mar 2019

Околу две илјади учесници во 47 карневалски групи продефилираа вечерва низ струмичките улици на Интернационалната вечер на Струмичкиот карневал, кој го следа голем број граѓани, гости од странство и земјата, премиерот Зоран Заев заедно со сопругата Зорица, министри во Владата на Република Северна Македонија, амбасадори и претставници на дипломатски претставништва, како и повеќе градоначалници.

Вечерва реката од маски буквални ја стресе Струмица до темел, а како што доаѓаа на главната бина боите на карневалските креации се прелеваа една во друга и испишуваа уште едно прекрасно карневалско празнување и доживување.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK