AMD Strela

 

Лажна пријава за експлозивна направа за време на карневалот во Струмица

Лажна пријава за експлозивна направа за време на карневалот во Струмица
Објавено на: 10 Mar 2019

Синоќа во периодот од 18 до 23 часот од СВР-Струмица било извршено вонредно обезбедување на културната манифестација “Струмички карневал 2019“.

Имено, околу 18 часот во дежурната служба во СВР-Струмица, Т.У. (32) од Кочани пријавил дека ќе биде поставена експлозивна направа во трговски центар во Струмица.

По пријавата било постапено од Одделот за антитероризам и по преземените мерки констатирано било дека се работи за лажна пријава.

Извор: МВР-билтен

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK