AMD Strela

 

Цицимов:Некои со маскирана душа и совест сакаа да внесат немир и паника во Струмица

Цицимов:Некои со маскирана душа и совест сакаа да внесат  немир и паника во Струмица
Објавено на: 11 Mar 2019

Струмица и струмичани, а пред се карневалистите и организаторите на карневалот и многубројните манифестации во рамките на истиот и се разбира градоначалникот и Советот на општина Струмица треба да бидат горди, бидејќи и годинава признанијата кои пристигнуваат од разни страни на светот не се случајни, туку се плод на традицијата и континуираниот стремеж да се одржи и по можност да се надмине стекнатото ниво. И сето тоа во еден совршен ред и покрај илјадниците маски и луѓе без нив, но за жал некои од нив со маскирана душа и совест сакаа да внесат немир и паника во Струмица, рече претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов по објавената вест дека во саботата пред одржувањето на Интернационалната карневалска вечер било лажно пријавено од маж од Кочани дека има подметнато експлозивна направа во трговски центар во Струмица.

Додаде дека со преземените мерки од надлежните било сторено се годинава Струмичкиот карневал да протече во една извноредно весела атмосфера , без поголеми инциденти.

-Изразувам голема благодарност до МВР и Агенцијата за обезбедување „НИКОБ“. Се разбира тука не треба да ги заборавиме граѓаните на Струмица и сите учесници на карневалот, како и гостите од странство, кои се придржуваа кон редот и придонесоа оваа манифестација како и досега да помине во најдобар ред, рече Александар Цицимов, претседател на ОО на Струмичкиот карневал.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK