AMD Strela

 

Во првите два месеца од оваа година преку „Систем 48“ решени 194 проблеми на граѓаните

Во првите два месеца од оваа година преку „Систем 48“ решени 194 проблеми на граѓаните
Објавено на: 12 Mar 2019

Преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ во месеците јануари и февруари биле решени 194 проблеми од вкупно пријавените 218.

Останатите 24 се проследени до надлежните служби и се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа.

Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување120, од областа на собирање смет 40, водовод и канализација 38, паркови и зеленило 15, општински инспекциски служби 5.

Општинскиот сервис „Систем 48“ нуди брзо и професионално решавање на пријавените проблеми на бесплатниот телефонски број 0800 1 48 48.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK