AMD Strela

 

Мотоциклист потешко повреден кај Мокриево

Мотоциклист потешко повреден кај Мокриево
Објавено на: 13 Mar 2019

Во село Мокриево вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(59) од Струмица и мотоцикл „Јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од К.Т.(30) од село Мокрино.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој по укажаната помош во Медицинскиот центар во Струмица, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.   

Извор:МВР-билтен

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK