AMD Strela

 

Седница на Советот на општина Струмица в петок

Седница на Советот на општина Струмица в петок
Објавено на: 13 Mar 2019

Советот на општина Струмица на ден 15 март, в петок со почеток во 11 часот во домот на АРМ  ќе ја одржи 21 седница 

со следниот:

Д н е в е н   р е д

 

  1. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на општина Струмица за четвртиот квартал од 2018 година;
  2. Годишен извештај на Општина Струмица за  2018 година;
  3. Предлог - Завршна сметка на Буџетот на општина Струмица за  2018 година;
  4. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на  Општина Струмица за 2018 година;
  5. Извештај за реализација на Програмата  за изградба, реконструкција, одржување и заштита  на локални патишта  и улици  на територијата на Општина Струмица за 2018 година;
  6. Извештај за реализација на Програма за изработка на  урбанистички планови во Општина Струмица за 2018 година;
  7. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица во  областа на спорт и млади во 2018 година;
  8. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот  во 2018 година;
  9. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица за областа на социјалната и детската заштита во 2018 година;
  10. 10.  Извештај за реализација на Програмата за активности  во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица  за 2018 година;

11. Извештај за реализација на Програмата на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2018 година;

12. Извештај за реализација Програмата за активностите на општина Струмица во областа на меѓународната соработка за 2018 година;

13. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2018 година;

14. Предлог - Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2019 година;

15. Предлог - Одлука за одобрување на Извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски; 

16. Предлог - Одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2019 година;

17. Предлог - Одлука за долгорочно задолжување на општина Струмица

18. Предлог – Одлука за давање на трајно користење и управување на недвижни ствари  (пречистителна станица за отпадни води) на ЈПКД „Комуналец“- Струмица;

19. Предлог- Одлука за спроведување на превентивна дезинсекција, дезинфекција и дератизација  на подрачјето на општина Струмица  за 2019 година;

20. Предлог - Одлука за измена и дополнување на Одлуката за општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Струмица;

21. Извештај  за работа на ЈП “Паркиралишта Струмица” Струмица  за 2018 година;

22. Годишна сметка на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ Струмица за 2018 година;

23. Одлука за распоредување на остварената добивка по Годишната сметка на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ за 2018 година;

24. Извештај  за работа на ЈПЕД “Струмица гас” Струмица за 2018 година;

25. Годишна сметка  на ЈПЕД „Струмица гас“ Струмица за 2018 година;

26. Одлука за распоредување на остварената добивка по Годишната сметка и финансиските извештаи на ЈПЕД „Струмица-гас“ за 2018 година;

27. Годишен извештај за работата на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ за 2018 година;

28. Годишна завршна сметка на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ за 2018 година

29. Извештај за работата на Дом за деца и млади „Благој  Мучето“ за 2018 година;

30. Завршни сметки на Дом за деца и млади  „Благој  Мучето“ за 2018 година;

31. Извештај за работата на Општинска јавна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“  Струмица  за 2018 година и

32. Предлог - Програма за поставување урбана опрема на територијата на општина Струмица за 2019 година.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK