AMD Strela

 

Се одржа промотивната средба во организација на Мировниот корпус

Се одржа промотивната средба во организација на Мировниот корпус
Објавено на: 14 Mar 2019

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, присуствуваше на промотивната средба која што во организација на Мировниот корпус се одржа во домот на АРМ во Струмица.

На средбата присуствуваа претставници на воспитно-образовните институции и невладиниот сектор од општина Струмица, а целта беше запознавање со новиот повик за аплицирање за волонтер од Мировен корпус за оваа година.

Градоначалникот Јаневски го пренесе позитивното искуство од повеќегодишната плодна соработка што го има општина Струмица со Мировниот корпус, изразено преку присуството на пет волонтери кои со својата работа во изминатите години дадоа значителен придонес во развојот на нашата заедница.

Работата на Мировниот корпус ја промовираше, директорот Марк Ханафин.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK