AMD Strela

 

Oдбележан Меѓународниот ден на спортот за развој и мир

Oдбележан Меѓународниот ден на спортот за развој и мир
Објавено на: 06 Apr 2019

Со прекрасен настан кој што се одржа покрај езерцето во големиот градски парк, денеска во Струмица беше одбележан Меѓународниот ден на спортот за развој и мир. Учествуваа голем број деца и млади од повеќе спортски клубови кои изведуваа спортски активности на повеќе локации.

 

На овој спортски настан присуствуваше и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, како и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, советници и претставници на национални и локални институции. Заедно со домаќинот, градоначалникот Коста Јаневски, ја испратија пораката за повеќе спортски активности на младите и поголема поддршка на спортот.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK