AMD Strela

 

Одбојкарите на Струмица Џио со убедлива победа против Вардар

Одбојкарите на Струмица Џио со убедлива победа против Вардар
Објавено на: 06 Apr 2019

Екипата на Струмица Џио вечерва во салата „Парк“ ја совлада екипата на Вардар со 3:0, во сетови 25:14, 25:19 и 25.17. На момчињата на тренерот Кире Ричлиев им беа потребни точно 70 миниту да дојдат до победата.

Домашните одбојкари беа супериорни во текот на целиот натпревар, а единствено во третиот гостите од Скопје пружија малку отпор кога во еден момент поведоа со 11:7.

Со оваа победа македонскиот шампион го продолжува походот кон осовојување на уште една шамшионска титула. 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK