AMD Strela

 

Премиерот Заев и министерката Царовска за Гаранцијата за млади: Се намалува процентот на невработени млади

Премиерот Заев и министерката Царовска за Гаранцијата за млади:  Се намалува процентот на невработени млади
Објавено на: 08 Apr 2019

Гаранцијата за млади- искуствата и придобивките од оваа мерка во Оперативниот план за вработување  беа тема на денешниот настан на кој учествуваа претседателот на Владатана Република Северна Македонија Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, активирани млади лица преку мерката, теренски работници коишто ја промовираат мерката, како и други чинители вклучени во процесот.

 Учесниците повеќе од еден час ги пренесуваа своите лични искуства од користењето на Гаранцијата за млади којашто за прв пат лани се пилотираше во Скопје, Гостивар и Струмица и се информираа како може да се вклучат во истата.

 Премиерот Зоран Заев истакна дека само врз база на мерките од Оперативниот план, вработени се 3.934 граѓани во Северна Македонија и тоа само во пилот фазата во три града. Оваа година имплементацијата на Гаранцијата за млади ќе се реализира на целата територија на земјата со посебен акцент на североисточниот полошкиот и југозападниот регион во кои се спроведуваше пилот фазата. Само во овие три региони се очекува 3.000 млади лица да бидат опфатени со мерката Гаранција за млади. Планираниот опфат на учесници во гаранција за млади на целата територија е околу 9.500 млади лица

 „Младинската невработеност односно нејзиното намалување е приоритет на Владата на Северна Македонија. Минатата година севкупниот процент на невработени го спуштивме под психолошката бројка од 20 % и сега изнесува 19,7 отсто што ни дава импулс во 2019 година за речиси три пати да го зголемиме буџетот за поддршка на Оперативниот план за вработување. За ова добивме дополнителна мотивација и од намалувањето на процентот на невработени меѓу младите. За разлика од на пример 2015 година кога процентот на невработени млади изнесуваше 47,3% со тренд на негативен пораст во 2016 година и изнесуваше 48,2% во 2018 година од негативен тренд, бројот на млади невработени го свртевме во позитива и тој лани е намален и изнесува 45,8%“, истакна премиерот Заев. 

 Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска изјави дека со Гаранцијата за млади Владата покажува дека се грижи секое младо лице да си го најде местото во општеството и да остане во државата бидејќи само така можеме да изградиме силна економија.

 „Северна Македонија е единствена земја во регионот која што не е ЕУ членка а која што ја има воведено гаранцијата за млади. Тоа е мерка која што ги поврзува младите луѓе со државните институции во посредување при вработување за да на крајот стигнат до вработување во реалниот сектор. Бизнис компаниите го препознаа интересот на Владата да подготви млади луѓе коишто ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот и коишто ќе се вработуваат во бизнисот. Во 2018 година повеќе од 1.800 млади лица се вработија токму заради младинската гаранција во 2019 го продолжуваме во три региони овој концепт за да во 2020 година очекуваме и законско решение со коешто на секое младо лице ќе му се гарантира дека по завршувањето на образованието ќе добие можност да се доквалификува и да добие можност да се стекне со одредена вештина која што ја немало во образовниот процес за на крајот да дојде до вработување“, рече Царовска.

 Елена Мицеска сега вработена како професорка во една скопска гимназија го пренесе своето искуство од користењето на Гаранција за млади. Мицеска прво учествувала обука за Банкарство, а потоа и била ангажирана како практикант во банка. Дритан Даути дипломиран правник од Гостивар којшто учествувал во програмата за практиканство, сега е вработен во нотарската канцеларија кадешто ја поминал праксата.

 Флоранда Мухарими и Дарко Николовски кои што преку двете граѓански организации на терен работат на активација на младите лица велат дека нивната задача е да ги информираат невработените млади лица за Гаранција за млади, и дека понекогаш и лично ги носат во Центрите за вработување за да се пријават за работа.

 На настанот учествуваа и директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, претставници од граѓанските и меѓународнитеорганизации. 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK